Комерцијална банка од 18 ноемри започна со понуда на најповолниот станбен кредит со ЕУР клаузула со промотивна каматна стапка од 2,9 отсто годишна, фиксна за првите 3 години и 6,85 отсто годишна, променлива за остатокот на период на отплата на кредитот. Промотивниот период ќе трае до 31 март идната година.
– Паралелно со оваа промоција, Банката продолжува да го нуди и станбениот кредит со ЕУР клаузула со каматна стапка од 4.85 отсто% годишна, фиксна за првите 5 години и 6,65 отстогодишна, променлива за остаток на период на отплата на кредитот, а изборот зависи од потребите и желбите на клиентот – соопшти Комерцијална банка.
Банката информира дека го продолжила промотивниот период, во кој сите станбени кредити со ЕУР клаузула ќе се одобруваат без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за проценка на обезбедување до 31 март 2015 година.
Од Банката велат дека за одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постојниот станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.