| четврток, 6 декември 2018 |

Тајни кои жената ги крие од својот партнер

Повеќето девојки нема да му признаат на своето момче за вистинскиот број на партнери, ниту ќе му кажат дека сексот со него не и годи, ниту па дека користи вибратор.

Можеби е и тоа подобро затоа што тие работи може да предизвикаат непотребни расправии. Но има и тајни кои што жените би требало да ги признаат на партнерот и да се обидат заедно да го решат проблемот.

devojka se drzi za usta

Сексуална историја

Повеќето мажи знаат дека не би добиле искрен одговор на ова прашање. Жените воглавно го намалуваат бројот на партнери за да не бидат осудувани, но некогаш пак партнерот за да не ги смета за неискусни го зголемуваат бројот. Реакцијата и во двата случаи зависи од мажот па затоа најдобро е оваа тема да остане тајна.

Долгови

Во денешно време ретко кој нема долгови, но доколку жените одлучат тоа да го сокријат, тоа значи дека поради тоа и е непријатно. Финансиските проблеми се честа причина за развод, па затоа разговорот за финансиите е многу важен, а особено доколку сте во врска подолго време. Разговарајте и не осудувајте се меѓусебно доколку постојат финансиски проблеми.

Профилот на Фејсбук на поранешното момче

Доколку жената на социјалните мрежо често прати што се случува со нејзиното поранешно момче, тоа може да биде погубно за моменталната врска. Тоа исто така значи дека сеуште не расчистила со чувствата кон него или дека во моменталната врска не добива се она што и е потребно, но избегнува да разговара за тоа.

Вибратор

Жените кријат дека користар вибратор затоа што мислат дека доколку признаат, тоа ќе ги повреди чувствата на мажот. Се грижат дека нивната посилна половина ќе стекне впечаток дека не е доволен во креветот или дека неможе да ја задоволи. Доколку вашиот избраник дознае за таа ваша мала забава, објаснете му дека кога го користите вие сте сосема сами и сконцентрирани само на вашето уживање, а тоа нема никаква врска со него.

Несовршен изглед

Жените воглавно сакаат мажите да ги гледаа во најубаво светло. Тоа е сосема непотребно, затоа што тој знае дека вие навечер за вадите шминката од себе, дека после спиење на сите ни натекуваат очите, како и дека немате време секогаш да имате фризура и маникир.

Сте имале и подобар секс

Кога жените оваа тајна ја држат за себе и доколку за тоа не се разговара може да доведе до многу поретко водење љубов.  Ова не треба да се крие, но секако нема да му кажете на партнерот дека е очаен во кревет. Доколку сакате да ја одржите врската разговарајте отворено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top