| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец ја тепал поранешната девојка и ја уценувал со компромитирачки фотографии

lisici

19-годишен скопјанец е уапсен под сомневање дека ја уценувал поранешната девојка дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина ако не му даде 5.000 денари. Се заканил дека фотографиите, кои биле направени за време на сексуален чин меѓу нив двајца, ќе ги објави на „Инстаграм“.

Истиот ден, пријавениот А.Ш. го отворил „Инстаграм“ без нејзина согласност и користејќи лични податоци од оштетената  на лажниот профил поставил дел од нејзина фотографија.

Кога оштетената дознала дека А.Ш. отворил лажен профил и има нејзини компромитирачки фотографии, се сретнала со него при што истиот физички ја нападнал удирајќи ја по лицето и повторно ѝ се заканил дека ќе ги објави фотографиите и видеоклиповите со компромитирачка содржина  доколку не му даде 5.000 денари.

Оштетената случајот го пријавила во ПС ОН „Бит-пазар“ при што е земен Зaписник за примање на пријава и поради потребата од обезбедување докази за кривичните дела со потврда за одземени предмети од истата се одземени 3.000 денари, кои се фотографирани за што е изготвен Фотоалбум и се вратени со потврда за вратени предмети.

Пријавениот на 14 овој месец по претходно телефонско јавување и упатени сериозни закани, од оштетената земал 3.000 денари, по што повторно физички ја нападнал. По преземени дејства од страна УПС од ЕПОИ – АЛФА пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС ОН „Кисела Вода“ заедно со уште едно лице, кое било со пријавениот при извршување на кривичните дела. Во ПС ОН „Кисела Вода“ на пријавениот му е извршен преглед при што се пронајдени парични средства и мобилен телефон и се одземени, а врз основа на дадена усна наредба од судија за предходна постапка од ОСС Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде што се пронајдени и одземени еден компјутер и повеќе компактни дискови.

По приведувањето, на осомничениот му е одредена мерка притвор од осум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top