| четврток, 6 декември 2018 |

Кичевец со нож прободел 19-годишно момче

ноз

Кичевец на возраст од 22 години е испратен во казнено-поправната установа во Тетово затоа шпто  во вторникот околу 17 часот на улицата Маршал Тито во Кичево, во близина на џамијата во населбата Бела кула, се обидел да го убие 19-годишниот С.Ф., кога со нож двапати го прободел момчето во грбот и побегнал.

Според СВР Охрид, кичевецот претходно имал жестока караница со момчето, по што се нафрлил со нож врз него.

Повредениот итно е префрлен во општата болница во Кичево, а насилникот набргу бил пронајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top