Дејмон Гемоу, австралиски режисер и актер, 60 дена се хранел со „здрава“ храна со низок процент на масти, но со голем процент на шеќер. Целиот процес го документирал, а резултатите се повеќе од шокантни.
За само три недели Дејмон се чувствува постојано ужасно, летаргично и многу нервозно. Докторите му дијагностицираат замастен црн дроб.
– Не пиев газирани пијалаци, не јадев чоколада, сладолед или слатки. Целиот шеќер кој го внесував беше од таканаречена здрава храна, нискокалоричен јогурт, мусли, овошни сокови, спортски напитоци. Храна што родителите им ја даваат на деца мислејќи дека е здрава – вели Дејмон Гемоу во документарниот филм „Тој шеќер филм“.
10 години откако Морган Спарлок со својот „Суперголем јас“ ја разоткри таканаречената здрава храна од „Мекдоналдс“, се смета дека „Тој шеќер филм“ повторно ќе го размрда светот на храната.
Дејмон добива 10 сантиметри сало на стомакот, а неговата ментална функција е опишана како нестабилна. Но, открива и дека никако не можел да се најаде.
Дневно внесувал и до 40 лажичиња шеќер, малку повеќе од количината што ја внесува просечен тинејџер. За споредба, препорачана максимално дневно количество за шеќер е девет лажички за мажи и шест за жени.
За појадок јадел нискокалоричен јогурт, житни снегулки и сок од јаболка. Тоа е 20 лажички шеќер.
-Не велам дека луѓе треба да престанат да јадат шеќер, туку само да бидат свесни. Шеќерот е во 80 проценти од целата преработена храна. Ако го тргнеме, тоа е прв чекор кон промените – порачува Дејмон Гемоу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


