Бабата на американскиот претседател, Барак Обама, добила награда за своите залагања што повеќе деца од нејзиното село да имаат можност, каква што таа немала, да одат на училиште, пренесуваат американските медиуми.
Сара Обама во средата ја добила наградата „Пионер во образованието“ во ОН.
Меѓу оние на кои им помогнала 94-годишната баба од Кенија се млади бремени девојки, сирачиња, болни од СИДА, како и нејзиниот затечен син, таткото на Барак Обама.
Сара Обама е третата сопруга на дедото на Барак Обама. Сара и Барак немаат крвна врска, но претседателот гледа на неа како на родена баба. Таа се сеќава како секој ден ги вртела педалите на велосипедот на растојание од 9 километри за да го однесе таткото на Обама на училиште.
Наградата е доделена од 11-годишната актерка номинирана за „Оскар“, Кувенџане Волис, во рамките на Денот на жените претприемачи, кој се одбележува во многу земји.
Сара Обама денес ќе патува во Вашингтон и најверојатно ќе се сретне со претседателот Барак Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора
-
Наградата „Златен витез“ доделена на академик Влада Урошевиќ во Русија
-
Хуманитарен настан: Донирајте за Сара Настеска во зоолошка



