И покрај ветувањата од државите од светот дека ќе биде намалена емисијата на јаглероден диоксид, нивото на загадување и натаму расте. Поради тоа, потребни се дополнителни акции за да се намалат климатските промени во следните години, се вели во заклучок од извештај на ОН.
– Ако во овој момент преземеме дополнителни акции за да останеме во безбедните граници на емисии на СО2, тоа ќе ја намали потребата за преземање екстремни акции во иднина – вели Ахим Штајнер, извршен директор на програмата на ОН за заштита на животната средина.
Во извештајот се додава дека неутрализирање на емисиите на штетни гасови мора да биде постигнато во периодот 2055-2070 година кога би се задржал просечниот раст на годишната температура под два Целзиусови степена.
Под неутрализирање на СО2 се подразбира дека секоја емисија на штетни гасови ќе биде анулирана на пример, со садење шуми.
– За да останеме посветени на целта, глобалната емисија не смее да биде поголема од 44 милијарди тони еквивалент на СО2 во 2020 година – се заклучува во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.