Најмалку седум лица се загинати во снежното невреме на североистокот на САД од кои пет се од областа Бафало, втор по големина град во државата Њујорк, а температурата во сите 50 американски сојузни држави во вторникот беа на нула степени или под нулата.
Социјалните мрежи буквално се вжештија бидејќи луѓето масовно објавуваат фотографии од досега незапамтенотот снежно невреме што го зафати овој дел од Америка.
Неодамна познатиот американски физичар Мичио Каку од Универзитетот Њујорк најави во своето гостување на американската телевизиска мрежа CBS дека ќе дојде до ледена катаклизма во САД од библиски размери. Каку предупреди дека околу 250 милиони Американци кон крајот на оваа седмица ќе се најдат на удар на досега невидено невреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.