| четврток, 6 декември 2018 |

Град и силно невреме во Куманово

Силнo невреме проследено со град, дожд и грмотевици, попладнево го зафати Куманово. Невремето почнало околу  16.30 минути. Градот паѓаше само неколку минути, но успеја да ја побели земјата и улиците, и потоа премина во дожд.

Синоќа и во текот на ноќта во Куманово наврнаа 42 литри на метар квадратен дожд, што предизвика излевање на реките и поплави во повеќе населби.  Повторните врнежи ќе ја отежнат состојбата во поплавените подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top