Кандидатот за градоначалник на Карпош на здружената опозиција Андреј Петров на митингот пред граѓаните на општината рече дека нивните пари ќе ги троши домаќински и одговорно ќе ги троши.
– Нема идеален кандидат за Карпош, таков не постои, но со цело знаење ќе се фокусирам да ги решаваме вашите проблеми – рече Петров, кој вети дека на општинската администрација во Карпош „влакно од главата нема да и фали“.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ја повтори неговата верзија за предвремени парламентарни избори. Карпош за него и за СДСМ е докажана традиција и ВМРО-ДПМНЕ, вели, нема што да бара таму. Кандидатот на Српската Напредна Странка, Стевче Јакимовски, според него, е скриен адут на ВМРО-ДПМНЕ, а врв на лицемерие е слоганот на неговата кампања „Храбро“.
– За каква храброст ни говори? Кога требаше храброста да ја покаже како колегите во Струмица, Куманово, Охрид, тој на кукавички начин реши да дезертира, ни сврте грб, крупен човек, ситна душа… Ако сакаш да си во првите редови, да одлучуваш за народ, тој народ треба да биде сигурен дека нема на половина пат да се тргнеш и да го оставиш. Предавството во најтешки моменти никогаш не се простува. На ваков срамен начин не предаде. Бидете сигурни дека во првиот момент ќе ги предаде и граѓаните на Карпош – рече Црвенковски.
На митингот се обратија и лидерите на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски и на ЛДП, Андреј Жерновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.