| четврток, 6 декември 2018 |

Сашко Пандев нема да игра фудбал половина година поради напад на судија (видео)

Фудбалерот на Хоризонт Турново, Сашко Пандев, ќе одмори од фудбалот половина година, а казната поради напад на судијата Иса Емрула му ја изрече фудбалската федерација на Македонија.

На меч со Брегалница во Штип, помалиот брат на Горан Пандев неспортски го удри помошникот судија, откако веќе доби црвен картон. Сашко, кој е една од главните алки во составот на Турново не смее да игра фудбал до почетокот на мај идната година.

Потсетувавање како изгледаше инцидентот во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top