| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците склучуваат брак и на клупа во парк (видео)

brak1

Во 2014 година 1200 нови брачни партнери решиле да склучат брак надвор од просториите на матичната служба. До крајот на годината оваа бројка може да достигне и до 1500. Најчест избор е ресторанот, каде што е прославата. Но многу често има и малку поинакви барања.

Честопати младите бараат да склучат брак на Милениумскиот крст, или Порта Македонија. Имаме случаи и кога нивна желба е тоа да биде во манастир. Но во последно време имаме многу идеи за склучување брак на отворено, на пример, на клупа во парк, место кое е поврзано со нивната врска и за нив има големо значење. Имавме и барање за склучување брак на брод во Охридското Езеро – вели Силас Муслиоски, директор на Управата за водење на месечни книги.

Склучувањето на брак е највечен чин на брачниот пар, поради што сакаат тоа да биде сторено на најдобар можен начин. Странките одредуваат место, без никакви ограничувања. Досега, според директорот, немало случај некој да има неостварлива  желба. Бројот на заинтересирани за кслучување на ваков брак секоја година расте. Во 2011 година, кога и се воведе оваа можност се склучени 700 венчавки надвор од просториите на службата.

Според правилникот, во работен ден и во прва работна сабота, во случај бракот да се склучува до 10 километри од местото на матичната служба, цената изнесува 3.402 денари. Во неработни денови и празници, кога и најчесто се склучуваат овие бракови, цената изнесува 6.804 денари.

Не мислам дека се откажуваат од венчавка надвор од Матично поради цената. Досега немаме реакција за цената. Тоа е еден посебен чин и не сакаат еден мал дел, цена, која според мене не е висока, да ги попречи во намерата. Цената е утврдена според просечната плата во земјава – коментира Муслиоски.

За состојбата на матичните служби тој вели во 2014 година се реконструирани четири подрачни канцеларии. А во 2015 година ќе се реновираат уште 30 матични подрачја, во кои ќе се воведе и една новина – електронски матичен регистар.

Во однос на статистиката за презимињата, директорот вели дека се зголемува трендот девојките да го задржат само своето презиме, или да го додаде на мажот. Во 2014 година имало околу 700 такви случаи.

-Во 2014 година во 30 до 40 случаи мажот го зел презимето на жената – додава Муслиоски.

Целиот разговор погледнете го на следниот линк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top