Во вчерашниот дуел на репрезентациите до 20 години меѓу Полска и Германија во кој победија гостите со 2-0, младиот голман од Хофенхајм Марвин Швабе со еден потег успеа да го надмудри полскиот репрезентативец и му ја протна топката низ нозе со што предизвика овации од публиката. Неговиот сениорски колега меѓу стативите Мануел Нојер се почесто излегува надвор од голманскиот простор и учествува во акциите. Со овој потег Марвин Швабе покажа дека учи од неговиот идол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.