Мал авион се урнал врз куќа на брачен пар во Чикаго и паднал на само 15 сантиметри од нивниот брачен кревет.
Авионот се урнал врз покривот – па преку дневната соба и низ подрумот на куќата, а пилотот загинал при падот.
Шефот на спасувачкиот тим Мајкал Фокс изјавил дека мажот и жената за среќа не се повредени но материјалната штета на нивната куќа е огромна.
Тој додал дека станува збор за мал товарен авион „аеро командер 500“. Причина за несреќата, според првичните информации, бил неисправен мотор.
Брачниот пар во чија куќа се сруши авионот биле во шок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.