| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина во ДПМ: „Женско писмо – да или не“

Средбата се организира во рамките на активностите на Клубот на писателките „Даница Ручигај“ при ДПМ. Дваесетина поетеси од различни генерации, со своите стихови ќе земат учество на манифестацијата „Женско писмо – да или не“, што ќе се одржи во Друштвото на писателите на Македонија денеска во 12 часот.

ДПМ соопшти дека со настапот на своите членки, дава свој прилог во аспектите кон прашањето за поетиката во македонската женска поезија.Воведни излагања ќе имаат Мирјана Стојановска и Христо Петрески, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top