| четврток, 6 декември 2018 |

Во Прилеп е погребана Дениса Маркоска

Семејството, роднините и другарите, денеска во Прилеп се збогуваа со 23 годишната Дениса Маркоска.

Tелото на несреќно починатата девојка кое беше пронајдено во водите на Егејското Море синоќа беше донесено во нејзиниот дом .

Од Институтот за судска медицина во Скопје потврдија дека телото донесено од Грција е она на Дениса. Во шок никој не сакаше јавно да зборува, само плач и голем лелек се слушаше денеска на улицата „Мариовска“ во Прилеп.

После месец и половина поминати дена во вистинска голгота и неизвесност, откако на 12 септември исчезна Дениса од бродот Серенисима во Грција, семејството вчера ја доби конечната и трагична вест, дека нивната ќерка е мртва. Тие претходно бараа нова обдукција во Македонија и нова споредба на ДНК материјалите бидејќи се сомневаа во оние од Грција.

Но и покрај се целиот случај сеуште е обвиткан во голема мистерија. Засега не се утврдени причините за смртта на девојката. Грчките власти не се изјаснија како настапила смртта кај Дениса, иако и тие извршија обдукција. Во нивното соопштение кое го пратиле стои само дека станува збор за непозната природна смрт.

Дениса денеска беше погребана на новите градски гробишта во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top