| четврток, 6 декември 2018 |

Потрагата под Дениса продолжува, а јавното обвинителство чека извештај

denisa

Потрагата по исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска (23) продолжува со намален интензитет, а во која насока ќе се води истрагата за нејзиното исчезнувањето ќе биде познато в понеделник. Тогаш грчкото јавно обвинителство ќе добие целосен извештај за досегашните сознанија на полицијата за случајот. Во зависност од информациите на полицијата обвинителството ќе одлучи дали Маркоска ќе биде прогласена за исчезнато лице. 

Истрагата ќе треба да даде одговор дали таа паднала или се фрлила во морето од палубата на бродот „Серенисима“ или некој ја турнал во водата.

Истрагата ќе биде отежната бидејќи на палубата немало камери, кои би можеле да забележат што се случило, а полицијата не ги испрашала ниту 110 патници, кои откако „Серенисима“ се закотвил на пристаниште во Kрит го напуштиле бродот. 

Родителите на девојчето велат дека последен пат се слушнале со Дениса во четвртокот минатата недела, кога им пратила куса порака преку „Фејсбук“ дека нема да можат да комуницираат извесен период. Претходно ги информирала дека потпишала нов договор и оти ќе ја продолжи работата на истиот брод до 2015 година. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top