| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Абу Катада, соработник на Осама бин Ладен

sorabotnik na osamaРадикалниот исламистички верски лидер Абу Катада, кој му беше десна рака на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен во Европа, е уапсен во Лондон, откако ја прекршил условната казна, изјавија денеска претставници на британските власти. Припадниците на британската погранична агенција го уапсиле Катада неколку дена во пресрет на можното неговото екстрадирање на Јордан, каде е осуден во отсуство за вмешаност во терористички напади во 1998 година.

– Британската погранична агенција уапси 52-годишниот маж од северен Лондон, бидејќи ја прекршил условната казна, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Министерсвото не го соопшти името на уапсениот, но весникот Сан вчера ја објави фотографијата на Катада, на која е прикажано како го апсат претставници на полицијата. Санн исто така објави дека в четвртокот полицијата ја претресла куќата во која живее Катада.

Согласно условите за пуштање на слобода со кауција, минатата година, Абу Катада можеше да излегува од домот само меѓу 8 и 16 часот и мораше да носи електрична алка и имаше рестрикција во врска со луѓето со кои смееше да се сретнува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top