| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ здружени и во Струга

Управниот суд денеска го поништи и решението на општинскиата изборна комисијана Струга. ОИК претходно ја отфрли заедничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за претстојните локални избори.

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Струга, Ристо Ќушкоски за МИА потврди дека Управниот суд го отфрлил решението на ОИК за заедничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за советници за овој град.

– Официјално добивме одговор од Управниот суд во наша корист така што дефинитивно ќе учествуваме на локалните избори со заедничка советничка листа со ВМРО-ДПМНЕ – изјави Ќушкоски.

Претходно вакво решение беше донесено и за Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top