Саудиски младоженец, побарал развод уште за време на венчавката, откако за прв пат го видел лицето на невестата и утврдил колку е грда.
Свадбената церемонија се одржала во светиот град Медина. Но невестата и младоженецот не се виделе очи во очи пред ритуалот. Кога младоженецот го кренал превезот на невестата за да направат традиционална слика, тој извикал:
– Тоа не е жената која ја замислував! Простете, но јас се разведувам!
Венчавки, чии младоженците немале визуелен контакт едни со други, се честа појава на Блискиот Исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.