| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува оџакот кој ќе извести дали има нов папа

Денеска е поставен оџакот на покривот од Сикстинската капела, чиј чад ќе извести за изборот на новиот Пап. Се довршуваат подготовките за конклавите на римокатоличките кардинали кои ќе го избираат наследникот на папата Бенедикт Шеснаесетти.

Конклавите започнуваат во вторник, на 12-ти март, а оџакот има намена на надворешниот свет да му објави дали кардиналите го избрале поглаварот на Римокатоличката црква. Црниот чад значи дека одлуката сѐ уште не е донесена, а белиот дека новиот папа е избран.

odzak

Претставникот на службата за односи со јавноста на Светата столица, Федерико Ломбарди изјави во саботата дека чадот од оџакот на Сикстинската капела, ќе го означува исходот од гласањето околу 12 и околу 19 часот. Меѓутоа, доколку биде избран новиот папа, белиот чад од оџакот ќе може да се види дури и порано, околу 10.30 и 17.30 часот.

Во сложената постапка на избор на наследник на папата Бенедикт Шеснаесети, кој одненадеж отстапи од положбата минатиот месец, ќе учествуваат вкупно 115 кардинали, а нов папа ќе стане кандидатот кој што ќе добие две третини од гласовите на кардиналите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top