Видеото во кое момче од Сирија си ја спасува сестрата низ дожд од куршуми го обиколи светот по објавувањето на Јутјуб е лажна.
Норвешка филмска екипа признала дека го снимила со глумци и сириски бегалци што се наоѓаат на Малта. Ларс Клевберг, режисер од Осло, открил дека ги направил тие сцени врз основа на телевизиски снимки од судирите во Сирија и дека на тој начин сакал да привлече внимание кон големиот број деца што се наоѓаат во воената зона, објави „Дејли мејл“.
– Снимавме на Малта во мај, и тоа на локации што биле користени за некои познати филмови како „Троја„ и „Гладијатор„. Момчето и девојчето што се на снимката всушност се професионални глумци од Малта. Гласовите што се слушаат во заднината се на сириски бегалци што сега се на Малта. Го направив филмот и се преправавме дека е снимка од вистински настан за луѓето да го споделат со другите и да почувствуваат дека има надеж – рекол Клевберг.
Неговата филмска екипа добила дури и финансиска поддршка од Норвешкиот филмски институт за уметност за да го сними ова видео. Но тие ги отфрлаат сите обвинувања дека снимката е објавена на Интернет за да стигне на насловните страници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)