| четврток, 6 декември 2018 |

Да се биде љубовник/љубовница: Причина поради која најчесто за зажалува

Почетната страст и возбудување често се претвораат во разочарување, затоа што односот се темели на криење и лаги. На вљубените им растат очекувањата од партнерот, но и фрустрациите

decko i devojka

Криење

Иако некои во љубовниот однос ќе видат привлечност во врската без обврска или ќе се се оправдуваат со минлива вљубеност, таквите „аранжмани“ на долга стаза имаат многу маани. Прва и основна е криењето, затоа што љубовниците мора да бегаат далеку од очите на јавноста. Магијата на „забрането овошје“ брзо бледее доколку сте приморани времето да го поминувате во евтини хотелски соби и да се криете во автомобил.

Лаги

Овие односи подразбираат лаги, и тоа многу. Што подолго трае овој однос, тоа лагите се повеќе се провлекуваат низ животот и предизвикуваат немир и тегоба. Лажењето на семејството и пријателите е само дел од проблемот, затоа што најмногу се лажете и себи си, со тоа што се убедувате дека тоа што го правите не е лошо, а и ги прифаќате лагите на љубовникот дека тој се наоѓа во лош брак.

Грижа на совест

Какво и да ви е религиозното уверување, социјалната норма е дека бракот е нешто во што не би смеело да се чепка. Тоа доаѓа до израз во приказната каде постојат и деца. Иако тоа не е нешто што се појавува додека љубовниците се во заносна страст, тоа со време неминовно се се наметнува  прашање како последица на таквиот однос.

Осудување

Луѓето ги осудуваат љубовниците иако во лице ве лажат дека не е така. Што повеќе луѓе знаат, кругот на осудување на шири, а тајните лесно се откриваат и се шират. Љубовниците за брзо време стануваат „неморални“.

Љубов или искористување?

Иако врската на почетокот се сведува само на секс, со текот на зачестениете дружења и размената на нежности се појавуваат и чувствата. Тогаш растат очекувањата и желбите, а односнот се сведува на емоционален рингишпил, од момент на голема среда до голема тага. Тогаш си поставувате прашање дали се сведува се на секс или на пролазна забава.

Добивате само делчиња

Колку и да сте вљубени и колку и често да се гледате, љубовниците никош не добиваат потполн однос, кој подразбира јавно признавање, заеднички утра и прослави во кое време и да посакате. Тоа обично не пречи на почетокот на врската, но подоцна тоа е голем извор на фрустрација.

Како да веруваш?

Со оглед на тоа дека односот се заснова на лажење на другите, тешко е да се потпреш и да и веруваш на другата страна за било што. Спие ли тој или таа сеуште со својот брачен партнер, ја доживува ли врската сериозно, има ли намера да излезе од бракот, тоа се само некои од прашањата каде довербата се „крши“. Дури и ако другата страна се разведе, се поставува прашање дали истото нема да го повтори и да ви се случи и вам.

Се води кон крајот

Околку 90 отсто вонбрачни врски не завршуваат со развод, односно се прекинува односот со љубовницата/љубовникот. Најчесто сопружникот дознава за целата приказна и поставува ултиматум, но можно е и односот да се олади од едната или другата страна поради фрустрации и притисок.

Животот поминува

Секој однос не обликува и од него може нешто да научиме, но потполно друга работа е кога се силиме за нешто што оддамна сме сфатиле дека нема иднина, а притоа повеќе да тагуваме отколку да уживаме. Таквото деструктивно однесување  може да ни прејде во зависност, а истовремено да ги пропуштите приликите да се запознае подобар и соодветен партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top