| четврток, 6 декември 2018 |

По осум месеци пронајдени убијците на момчето од Горно Оризари

slik_2

Сопружници од Горно Оризари се убијците на 30-годишниот Бајро Ибрахимовиќ, чиешто тело на 11 април годинава беше пронајдено во напуштена куќа близу Велес.  По осум месеци од пронаоѓањето на телото на момчето од Оризари, полицијата го расчисти убиството. Вчера вечер  МВР извршила претрес во неколку куќи. Во една од нив е пронајдено оружје и докази кои наведуваат дека убиецот е 32-годишен маж, а неговата сопруга е соучесник.

Осомничените биле пријатели со убиениот. И убиецот и убиениот биле заведени како наркозависници. Полицијата се сомнева дека мотивите за убиството се поврзани со нивната зависност.

Телото на убиениот беше пронајдено во напуштена куќа на патот кон Дорутовец на влезот од градот. Убиството се случило на 24 март, а на жртвата била погодена в глава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top