Поради зголемување на цените за домување и на комуналните услуги, во многубројни региони на Украина почнале протести, јавуваат украински медиуми.
Демонстранти блокирале патишта и е прекината седницата на општинските совети. Неколку дена луѓето протестираат поради недостиг од топла вода и од греење.
Жители на Долинска Кривоградска го блокирале локалниот градски совет.
– Во нашиот град тарифата за греење е една од највисоките во цела Украина. Ние не можеме да преминеме на самостојно греење, а на тие што успеаја да се откачат од цевката, нелегално им наплаќаат импресивни суми. Овие суми тие планираат да ги земаат од луѓето на суд – ја објаснуваат ситуацијата локалните жители.
„Ако не беа воените дејства во југоисточниот дел на Украина, кои го одземаат вниманието на населението, тогаш социјални немири одамна ќе ја преплавеа земјата“, пишува украинскиот издание, повикувајќи се на мислењето на политиколози.
Прогнозите покажуваат дека во 2015 – 2016 година зголемувањето на цените за домување и комуналните услуги ќе продолжат да растат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.