| четврток, 6 декември 2018 |

Стравувам дека животот ми е во опасност – екстремистите со нови снимки од киднапираните (видео)

538526_serz-lazarevic_ff

Северноафриканското крило на Ал Каеда објави видеоснимка на која заложниците, Французинот Серж Лазаревиќ и Холанѓанецот Пак Ријке, апелираат до владите на нивните држави да преговараат за нивно ослободување. Снимката објавена на џихадистичкиот форум се состои од две сцени, секој од заложниците е на различна локација. Прво се појавува педесетгодишниот Французин Лазаревиќ, кој беше киднапиран на Мали пред три години. На глава носи црн турбан и седи на седиште во автомобил.

– Многу сум болен, ме болат бубрезите и имам висок крвен притисок. Стравувам дека животот ми е во опасност поради француската интервенција во Ирак. Ве молам, господине претседателе (Франсоа Оланд) да сторите сѐ за да бидам ослободен затоа што ќе бидете одговорни за она што ќе ми се случи – вели Лазаревиќ, кој говорот го завршува со порака до неговото семејство.

Канцеларијата на францускиот претседател соопштила дека се утврдува автентичноста на оваа снимка. Во соопштението се наведува дека Оланд е во контакт со сите земји во регионот и ги користи сите форми на дијалог за ослободување на заложникот. Последниот доказ дека Лазаревиќ е жив беше во јуни, Филип Вердон, Французин, кој беше киднапиран заедно со Лазаревиќ, е убиен минатата година на веверниот дел на Мали.

На вториот дел од снимката се појавува Холанганецот Шак Ријке, кој е киднапиран во ноември 2011 година во ресторан за време патувањето низ Сахара.
– Денеска е 26 септември 2014 година… Има повеќе од 1.000 дена од кога сум киднапиран – вели тој, облечен во бела кошула.

Се жали на болку во грбот, истакнувајќи дека емотивно е во многу лоша состојба.

-Мојата влада е одговорна ако ми се случи нешто. Ве молам, помогнете ми – вели тој.
Агенцијата „Ројтерс“ објавува дека не успеала да добие независна потврда за автентичноста на снимката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top