Дејвид Бекам во моментов е во Азија, од каде што секојдневно постира фотографии на својот профил на „Фејсбук“. Последната фотографија која тој ја споделил, сепак, е специјална бидејќи на неа се гледа најновата тетоважа на фудбалската ѕвезда. На фотографијата се гледа дека Бекам го има истетовирано бројот 723 на својата лева рака.
Каква ли е симболиката?
Таа ги претставува броевите на дресовите со кои играл фудбалерот за време на својата кариера. Бекам играше со број 7 поголемиот дел од времето во Манчестер јунајтед. Додека беше фудбалер на Реал Мадрид и на ЛА Галакси, Дејвид играше со бројот 23. Интересен е фактот дека тој носеше дрес со обратен редослед – 32 додека играше за Пари Сен-Жермен и за Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачко фото) Докторка од грчките плажи апелира: Никако не смеете да го правите ова
-
Потрошија 8000 евра: Еве што доби ќерката на Бекамови за роденден од мама и тато
-
Ни кралицата не може да му одолее: Елизабета се „стопи“ пред Бекам
-
Mесечно заработува милион евра-тој е најбогат пензионер во светот