| четврток, 6 декември 2018 |

Сафет Сушиќ доби отказ од босанската федерација

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сафет Сушиќ, доби отказ поради лошите резултати во квалифкациите за Европското превенство во 2016 година.
Во следниот период федерацијата на оваа земја ќе го соопшти неговиот наследник, со кој треба да го поправат лошиот старт по четирите натпревари одиграни без победа.
Популарниот Папе го плати цехот за лошите резултати во квалификациите, но и слабиот настап на Светското првенсто оваа година. Новото име на селекторското место треба да биде соопштено до крајот на ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top