Изградба на градинка клон на градинката „8-ми Март“ во подрачното училиште „Круме Кепески“ и пензионерско катче во Припор, како и изградба на културен дом во Драчево – ова се дел од ветувањата на кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода Билјана Беличанец- Алексиќ, доколку обеди на локалните избори на 24 март. Градинката се најде во програмата на Беличанец, по барање на месното население на Припор.
-Изградбата на оваа градинка ќе биде финансирана од буџетот на општина Кисела Вода. Во програмата стои дека овој проект ќе биде реализиран до крајот 2013 година.Но не смее да се заборави и постарото население односно пензионерите, за кои доколку ја добијам довербата од граѓаните ќе изградам пензионерски клуб.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски кој присуствуваше на денешната посета во Припор, истакна дека проектот за реализација на отворање на детска градинка во Припор е значаен за овој дел од градот.
-На овој начин ќе се обезбеди значителна поддршка за граѓаните, пред се за родителите, но и за дечињата кои во своето маало практично ќе растат и ќе се развиваат. Ова е многу значајно бидејќи според планот ќе биде во склоп на училиштето и голем дел од дечињата ќе го продолжуваат понатамошниот раст и развој во самото училиште – посочи Ристовски.
Тој додаде дека како министерство ќе ја поддржат општина Кисела Вода при реализацијата на овој проект овозможувајќи нови работни места, а воедно ќе продолжат и натаму со проелтите за заштита на децата не само во Кисела Вода, туку и во сите други општини.
Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, по посетата на Припор, се упати во Драчево во посета на старото кино, за што најави реконструкција, односно Драчево ќе добие нов и модерен Културен дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


