| четврток, 6 декември 2018 |

„Рускиот“ авион што влегол на шведска територија, всушност, бил француски

bel avion

Шведските воени власти вчера соопштија дека „рускиот“ авион што во неделата навлегол во шведскиот воздушен простор, всушност, бил француски.

Шведскиот „Експресен“ претходно објави дека руски авион се нашол неколку километри од погрешната страна на границата. Претставникот задолжен за односи со јавноста во шведската армија Јеспер Тенгрот рекол дека авионот бил на француската авијација и дека ќе биде спроведена истрага за тоа како се нашол во шведскиот воздушен простор. Тенгрот, исто така, нагласил дека „Експресен“ ќе мора да преземе одговорност за своите извори.

Од француската амбасада во Стокхолм изјавиле дека засега немаат никаква информација за овој случај и дека се во контакт со Париз за да се открие за што станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top