| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Панчев: Регионална лига спас за фудбалот на Балканот

Дарко Панчев предложи модел за подигнување на квалитетот на фудбалот во балканскиот регион, а според популарната „Кобра“ спас е формирање на заедничка лига. Во интервју за босанскиот весник „Дневни Аваз“, некогаш најдобриот стрелец во Европа и носител на златната копачка предложи формирање на Регионална лига по урнекот на АБА лигата во кошарка и на СЕХА лигата во ракомет.

„Според мене тоа е единствен начин за спас на падот на квалитетот на фубдлаот на овие простори. Знам дека ќе има проблем со навивачите, но тоа може да се реши со примена на мерките што владеат во европскиот фудбал. Со подобра организација на натпреварите и зголемени мерки на безбедност лигата може да успее. На натпреварите каде што ќе има зголемен ризик, може да се издејствува гостински навивачи да не патуваат“, изјави Панчев.

Darko-Pancev-615x400

Оваа идеа е дамнешна, но само во фубдлаот од најпопуларните колективни спортови се уште нема реализација.

„Ако не се тргне по патот на ракометот и на кошарката, клубовите на просторите на поранешна Југославија ќе се мачат и понатаму со неквалитет и со беспарица“, вели македонската Кобра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top