Познатиот македонски пар, Дарко и Маја Панчеви се запознале пред деветнаесет години и велат дека многу брзо си се допаднале еден на друг. Денес се родители на Надица која има 17 години, и 12 годишната Марија.
– Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако сѐ се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, раскажала за Женски магазин Маја Панчева, поп-пејачка и хористка во МОБ за својот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев и спортски директор во ФК „Вардар“.
– Новогодишната ноќ ја славевме дома со најблиските, а си посакавме како и досега, здравје, љубов и среќа. Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафуле. И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирен, јас и на двете забави се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам, се сеќава Маја на нејзините најдраги новогодишни забави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.