Зградата на Фудбалскиот сојуз на Египет која се наоѓа во Каиро е во пламен. Неколку навивачи, револтирани од потврдата на смртната казна за 21 лице вмешани во инцидентите минатата година во Порт Саид, ја запалија зградата. Околу 2000 демонстранти со глисери го блокирале Суецкиот канал, а запалена е и полициска станица која се наоѓа во близина на зградата на ФСЕ.
Инаку, судот ја потврди смртната казна на 21 лице кои учествувале во нередите на фудбалски меч минатата година во Порт Саид во кои загинаа 74 лица. Повеќето кои добија смртна казна се навивачи на фудбалскиот клуб Ал Масри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


