| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова со нов удар во меѓуножјето на Ѓоковиќ

novak i sarapovaРуската тенисерка Марија Шарапова и српакиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, снимија нова реклама за еден познат производител на тениски рекети. Ноле уште еднаш го извлече подебелиот крај, а преубавата Русинка докажа дека никој не смее да се шегува со неа.

„Гордоста“ на Ѓоковиќ настрада и минатата година, кога тениското топче заврши на незгодно место, во меѓуножјето на Србинот. Тогаш Шарапова се обидуваше со удар да собори лименка од главата на српскиот тенисер. Не успеа, а нешто идентично се случи и овој пат. Маша најпрво демонстрираше дека за стрелба во глинени гулаби не и е потребна пушка, туку рекет и топче. Потоа си ги одмери силите со кунг-фу борец, кој мораше да бега пред налетот на Русинката. Марија се истакна и на терен за бејзбол. Додека се подготвуваше за удар, од другата страна на топчето се најде првиот светски рекет. За жал, Ѓоковиќ не успеа да го прифати и тоа повторно заврши во неговото меѓуножје.

На крајот, додека српскиот тенисер се превиткуваше од болки, убавата Маша „умираше“ од смеа.

Да се потсетиме како изгледаше првиот удар на убавата Маша:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top