| четврток, 6 декември 2018 |

Соланж Ноулс влезе во брак на велосипед и со самолеплива лента на градите (фото)

solanz na velosiped

Во неделата во Њу Орлеанс пред околу 200 гости, сестрата на познатата пејачка Бјонсе, Сола Ноулс му го кажа судбоносното „да“ на режисерот Алан Фергусон.

Двојката место во лимузина стигна на бели велосипеди, а нејзината кошница на велосипедот беше полна со бели цвеќиња.

solanz na velosiped 1

Гостите изјавуваа дека личат многу смирено и релаксирано. Невестата носеше комбинезон со изразено деколте, а во еден момент се виде дека брадавиците ги покрила со селотејп за да не се наѕираат под гардеробата. За жал, на прапраците не им избега тој момент и го овековечија.

solanz so selotejp

И покрај тепачката во лифтот, на венчањето присуствуваше и Џеј Зи заедно со Бјонсе и со нивната ќерка.

bjonce i dzej zi

Ова е втор брак за Соланж, која има дете со поранешиот сопруг Даниел Смит.

Бјонсе и Џеј Зи на забавата докажаа дека нема ништо од нивниот развод, затоа што двојката не ја симнувааше насмевката од лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top