| четврток, 6 декември 2018 |

Интернационална работилница на Универзитетот ЕСРА

20110428_konkurs_esra_upisi
На Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во периодот од денеска до 23. ноември ќе одржи интернационална работилница, посветена на пиесата “Последниот маж, последната жена” од Јордан Плевеш.
Оваа пиеса доживеа свои праизведби во Скопје, Париз, Москва и Карио.
Интернационалната работилница со која ќе раководи театарската режисерка Сандрин Фурлон од Париз од театарот „Ескалиер 4“ и филмскиот режисер Фабијан Емар, ќе работат со пет актерски пара, Игор Георгиев, Валдета Исмаили, Александра Михајловска, Асдрен Селими, Неат Али, Надица Петрова, Никола Стефанов, Емине Хаили.
Ќе се работи на повеке јазици македонски, албански, турски, француски и мета јазик -измилсен јазик.
Во проектот активно учество ќе земе класата на професорот Дејан Пројковски и Рубенс Муратовски.
На свеченоста по повод почетокот на работилницата, гости на ќе бидат Васил Зафирчев и Сашка Димитровска, како протагонисти во познатата претстава на Димитар Станковски, која беше поставена во Драмскиот театар, како и композиторот Венко Серафимовски.
Ќе биде прикажан и документарниот филм „Последниот маж, последната жена во  Каиро” во режија на Константин Плевнеш, реализиран вбо соработка со ТВ Телма.
Работилницата која ќе ги презентира театарските остварувања и филмските сенквенци снимени по оваа драма, ќе биде презентирана на 23. ноември во Драмскиот театар во 13 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top