| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко за Пулев: Со таков простак досега не сум боксувал

Владимир Кличко ги издржа провокациите на Кубрат Пулев надвор од рингот пред мечот за титулата светски првак и меѓу јажињата покажа дека е супериорен, нокаутирајќи го противникот во петтата рунда.

Но, мечот има повеќе од пет рунди откако Пулев изјави дека не го респектира шампионот и дека сака реванш, иако заврши во болница по болниот нокаут.

Кличко веднаш возврати со изјава дека не боскувал со поголем простак од Кубрат, кој го има прекарот Кобра.

– Искрено, со таков простак досега не сум боксувал. Кај него има огромен јаз меѓу можностите и желбите. Имаше непристојни изјави, а несоодветно се однесуваше и на рингот и надвор од него. Воопшто не ме изненадува што и сега по поразот пак се заканува – изјави Кличко.

Украинецот беше супериорен во рингот и со страотен удар во петтата рунда го нокаутира предизвикувачот со звучен прекар Кобра.

vladimirklicko_gettyy

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top