На Карпош му е потребен нов затворен пазар, каде пазарџиите достоинствено ќе печалат за леб, но и каде жителите ќе имаат подобри услови за пазарување. Затоа во нашата програма ќе вклопиме изградба на нов пазар во Карпош – најави денеска Андреј Петров, кандидат на Сојузот за иднината за градоначалник на општина Карпош.
тој го посети, како што рече, неговото омилено пазарот Тафталиџе.
-Тука луѓето често ме гледаат и каде што пазарувам. И тоа не е само исклучок, во кампања, туку тоа го правам редовно заедно со моето семејство. Денеска, гледајќи ги проблемите на пазарџиите дека со затворањето на пазарот и овој делумен, импровизиран пазар, имаат проблеми, во нашата програма ќе вклопиме на локација предвидена со детален урбанистички план, изградба на нов пазар во Карпош. Нешто што на Карпош му е повеќе од потребно. На тој начин ќе го решиме и проблемот на овие луѓе и на нивната егзистенција, луѓе кои печалат за леб, продавајќи на пазарчето, но, исто така ќе го решиме и проблемот на граѓаните на Карпош, заради тоа што ќе имаат пазар, затворен, каде што ќе може да пазаруваат во многу подобри услови. Почитувани граѓани, дајте го гласот за вистинската опција, за СДСМ, за оние што мислат за граѓаните – порача Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.