| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули не е информиран за Скопје, а сака да биде градоначалник на Скопје

Градот Скопје веќе распиша конкурс за одбележување на педесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес и таа постапка е транспаретна и секој кој го интересира можел да ја види. Јани Макрадули за жал тоа не го направил – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Тие сметаат дека Јани Макрадули покажува дека не е информиран за активностите на Градот Скопје, а се кандидира за негов градоначалник.

-Ова за него не е ништо ново. Јани Макрадули сите овие години наназад, откако е во политиката, не направил ниту предложил нешто за Скопје. Дури и сликите кои денес ги презентираше беа украдени од интернет и презентирани како негова идеа .  Тоа е несериозен обид набрзина да прикрпи некој проект за да се претстави пред граѓаните. Скопје и неговите граѓани треба да имаат јасна и конкретна програма пред себе, а тоа Јани Макрадули сеуште им го нема понудено – велат од артијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top