Кубрат Пулев заврши в болница по нокаутот во дуелот со актуелниот светски првак Владимир Кличко, но брзо се отрезни од шокот во петтата рунда и бара реванш.
– Кличко имаше среќа, а јас не сум задоволен од мојата претстава. Можам многу повеќе и секако ќе барам реванш, бидејќи можам да го победам Украинецот. Тој не ја заслужи мојата почит – изјави Пулев.
Бугарскиот боксер со звучен прекар Кобра, на двапати во првата рунда беше на подот, а замина во царството на соништата во петтата рунда кога Кличко го погоди во брада со лево кроше.
Подоцна по препорака на докторот во рингот Пулев беше испратен на дополнителен преглед во болница поради подлив на окото, сомнение за скршеница на јаболчницата и потрес на мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.