| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии од соборувањето на малезискиот авион прикажани на руска ТВ? (видео)

Руската државна телевизија емитуваше сателитски фотографии за којшто се тврди дека се доказ на тврдењата на Москва дека украински воен авион го соборил малезискиот патнички авион МH17.

Неколку западни коментатори кои ги проучиле фотографиите, меѓутоа тврдат дека снимките се лажни. На фотографиите, коишто наводно ги снимил западен сателит, се гледа како авион ловец испалува проектил кон патничкиот авион над источна Украина, на местото каде е соборен малезискиот авион на 17 јули, каде загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Москва тврдеше дека авионот е погоден од проектил испален од украински воен авион, додека заадните функционери тврдеа дека авионот е соборен со ракета земја-воздух од руско производство, којашто ја испалиле проруските сили во Украина.

Фотографиите прикажани синоќа во ТВ емисија, наводно им ги испратил Џорџ Билт кој се претставил како дипломец на Институтот за технологија во Масачусетс кој веќе 20 години работи во авиониндустријата.

Билт наводно ги испратил снимките на имејлот на Иван Андриевски, прв претседател на Руската унија за инженери. „Располагаме со сензационални фотографии коишто најверојатно ги снимил странски шпионски сателит за време на последните секунди од летот на малезискиот „боинг“ над Украина. Сликите се доказ за теоријата која Запад не сака да ја слушне“ изјави водителот на емисијата.

Фотографиите, меѓутоа, во светот се дочекани со скептицизам, наведува Би Би Си. Би и СИ пренесува дека експерите коментираат дека логото на малезиската авиокомпанија е на погрешно место на леталото, кое повеќе личи на „боинг 767“ отколку на соборениот „боинг 777“.

Воениот авион, според наводите на неименувани експерти, не личи на „Su 25“, за којшто руските медиуми тврдат дека го гаѓал патничкиот авион. Има и тврдење дека обликот и распоредот на облаците на фотографиие покажува дека за нивна монтажа е користена снимка од Google earth од август 2012.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top