Холандија ја декласира репрезентацијата на Летонија со 6-0 во четвртото коло од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2016, а во дербито на Б групата Велс остана непоразен, откако одигра 0-0 против Белгија.
Арјен Робен беше првата виолина во моќниот состав на Холандија, кој ја растури Летонија, а крилниот играч на Баерн постигна два гола и имаше една асистенција. Гол-шоуто на лалињата го дополнија и Клас Јан Хунтелар со два гола и Робин Ван Перси и Брума со по еден погодок.
Во останатите два меча вечерва Норвешка го победи Азербејџан на гости со 1-0, а Кипар ја декласира Андора со 5-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



