| четврток, 6 декември 2018 |

Реми без голови против Белорусија, фенерот и остана на Македонија

makedonia-belorusija-20

Нерешено без голови одигра македонската репрезентација против Белорусија, недоволно за да го избегне последното место во Ц групата за настап на ЕП во Франција.

Со 4 бода нашата репрезентација го дели последното место со Луксембург, но имаме полош биланс во меѓусебните средби и официјално сме фенерџии.

По скромната претстава во првите 45 минути во Борисов, Македонија одигра солидно второ полувреме во кое имавме и две прекрасни шанси за гол. Еднаш го погодивме дирекот на домашниот гол, а не успеа и Ибраими да погоди. И Белорусите имаа пречка, по што сепак мечот заврши без голови.

По последното коло во Ц групата, Шпанија со победа над Украина го потврди првото место, втора е Словачка по триумфот над Луксембург од 4-2. Овие две селекции ќе патуваат во Франција, а третопласираната Украина ќе игра бараж. Зад нив се Белорусите со 11 бода и Луксембург и Македонија со по 4 бода.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top