Невеста не можела да се сети на името на младоженецот за кого се мажи. Едноставно – се работи засклопување лажен брак.
Измамата е откриена, а зад решетки завршиле 11 луѓе.
Бракот го смислила, Мариа Лоуреиро (54), бивша учителка од Португалија. Таа во Британија донела девет жени од Лисабон за да ги омажи за девет Индијци. Во посредувањето при склопувањето на лажни бракови заработила 27.000 фунти.
Сите мажи во земјата влегле легално, но рокот на нивните визи истекол и морале да се вратат во Индија. Женејќи се за државјанки на Португалија, односно со граѓани на Европската унија, добивале право на останување во државата.
Индијците парите и ги давале на посредничката, а таа потоа им носела невести од Португалија. Лоуреиро ги снабдувала со лажни документи и осигурување, и ги договарала венчавките. Ден по церемонијата „невестите“ летале назад во Португалија, а мажите поднесувале барање за стекнување државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невеста место завети, на глас ги прочита пораките од зетот за љубовницата
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Се огласи невестата-бегалка: Свекорот пијан ми рече да си одам, трудна завршив во Брза помош
-
Хрватска двојка се чувала за брак: Место уживање, доживеавме ужас!