Ракометарките на Вардар имаат негатива од два гола, 9-11, по првото полувреме против европскиот вицешампион Будуќност, а уште еднаш се покажа дека Црногорките се незгоден ривал за избраничките на Индира Кастратовиќ.
По 30 минути игра гостинките водат во меч што понуди цврста игра во одбраната кај двата состави, а сепак подобро се снајдоа ракометарките од Подгорица. Со 5 погодоци вистинска енигма за одбраната на Вардар е Кристина Неагу, додека во домашниот тим по два погодоци постигнаа Ихнева, Пенезиќ и Дембеле.
Будуќност го победи Вардар во минатото коло во Подгорица со 23-17, а и на фајналфор турнирот тимот што го предводи искусниот стратег Драган Аџиќ го елиминира македонскиот шампион во полуфиналето по продолженија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



