| четврток, 6 декември 2018 |

Изостана спектаклот во Лондон, Ѓоковиќ до хет-трик без игра

Роџер Федерер го предаде финалето на Мастерс купот во Лондон, поради проблеми во грбот, што му овозможи на Новак Ѓоковиќ без игра да ја освои третата едноподруго титула на завршниот турнир на најдобрите 8 тенисери во сезоната.

Федерер објасни дека сакал да игра, но не можел поради неподносливи болки.

„Се обидов, но не сум фит и не можам да играм. Ми е жал и за публиката, но се надевам дека ќе ме разберат“, изјави шесткратниот освојувач на Мастерс купот.

Tennis Dubai ATP Championships

Ѓоковиќ сега има 4 титули, три по ред освоени во Лондон, а српскиот ас ќе ја заврши и годината на првото место на светската ранг-листа. Најавено е дека тој и Енди Мареј ќе играат егзибициски меч, како замена за очекуваното финале меѓу Србинот и Федерер.

Novak Djokovic vs Rafael Nadal

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top