| четврток, 6 декември 2018 |

Проблемите не се надминуваат во земјата на светскиот првак, Металург загуби во Шпанија од Ла Риоха

Домашните проблеми кај Металург што кулминираа во ноември не се решаваат во земјата на светскиот првак Шпанија, а тоа го докажа екипата на Ла Риоха со победа против македонскиот првак со 31-27.

Металург е на пат на елиминација, за која сами се виновни, поради лошите односи на релација играчи-тренер, што не успеа да ги разреши Управата на клубот, па сосема е логичен петтиот пораз во Лигата на шампионите.

Иако имаа и добри моменти, особено во првото полувреме ракометарите на Металург не издржаа докрај, па сега се на дното без бодови во групата со минимални шанси за пласман понатаму.

metalurg-psg-4

По првиот дел кога гостите во Логроњо беа сосема рамноправни се пробуди надежта дека Металург може да оствари подвиг, но Ла Риоха само го искористи заморот и тенкиот ростер без странски играчи кај македонскиот шампион и победи со 4 гола разлика.

Филип Миркуловски со 8 погодоци е најефикасен кај Металург, а по 6 прецизни удари имаа Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец. Веќе следниот викенд двете екипи повторно ќе играат меѓусебе, но овојпат во Скопје во салата „Борис Трајковски“ што ќе биде нова можност за прва победа на Металург во ова издание на Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top