| четврток, 6 декември 2018 |

„Туарегот“ возел со огромна брзина и немало знаци на кочење

туарег
Трагична сообраќајка која вчера се случи во близина на католичката црква во центарот на Скопје ја потресе Македонија.

Средношколецот И.Б. (16) вчера го загуби животот откако беше прегазен од џип „фолксваген туарег”. Лекарите во КАРИЛ и покрај сите напори не успеаја да го спасат младиот живот.

Дваесетгодишниот Џ.М. бил зад воланот на џипот, возел со огромна брзина, а на местото на трагедијата немало траги од кочење, пишуваМКД.мк. „Туарегот“ со табличка White house возел со огромна брзина и немало знаци на кочење.

Очевидци на несреќатат изјавија дека возачот возел брзо и удрил во детето кое во тој момент ја поминувало улицата на пешачкиот премин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top