Голманот на Сан Марино, Алдо Симончини е вистински херој на четвртата рунда во квалификациите за пласман на ЕП во Франција, откако за првпат остана несовладан и и помогна на репрезентацијата да го освои историскиот бод против Естонија. Мечот заврши нерешено 0-0, што е прво реми на Сан Марино во квалификации за ЕП.
Симончини бранеше извонредно, па по мечот сите соиграчи тргнаа кон него, славејчи го големиот успех. Приказната на Симончини е мошне симпатична, а за малку недостасуваше тој воопшто и да не продолжи со фудбалската кариера. Како тинејџер беше член на Модена во италијанската Серија Б, но страотната сообраќајна несреќа му донесе многу проблеми.
Левото колено му беше потполно уништено и цели 4 месеци мина во болница.
„Ми беше загрозен и животот, а лекарите ми навестија дека нема да можам да продолжам со фудбалската кариера. Сепак не се откажав и за среќа повторно сум меѓу стативите“, вели Симончини, голман што прима во просек по 4,4 погодоци на голот на Сан Марино.
Вчера конечно успеа да направи „шут-аут“ односно да не прими гол и тоа се случи по дебаклот против Германија, кога Алдо дури 13 пати ја вадеше топката од мрежата.
„Честопати немаме фер третман ниту од судиите, ниту од противниците. Украинците не провоцираа по поразот од 0-8, а искрено не ја разбирам ниту желбата на Германците да ни дадат 13 гола. Ќе го истакнам Златан Ибрахимовиќ како вистионски спортсмен. Пред мечот со Шведска не бодреше да не се плашиме и да играме борбено. Загубивме со 0-5, а по мечот Златан дојде и ми честиташе за добрите одбрани“, вели Симончини.
Тој ги пофали и соиграчите од репрезентацијата со напомена дека Сан Марино нема да се предаде, ниту да потклекне пред најголемите фаворити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


