| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската кобра заврши во болница по нокаутот на Кличко

Кубрат Пулев доживеа тежок нокаут во петтата рунда против светскиот првак Владимир Кличко, а германски „Билд“ открива дека кобрата од Бугарија заврши во болница на детален преглед.

Докторот во рингот, Штефан Бок, веднаш го прегледа Пулев и препорача да замине во болница на дополнителен преглед.

pulev

„Има скршеница на носот и фрактура на јаболчницата, а веројатно и потрес на мозокот“, изјавил Бок. Пулев стана веднаш по нокаутот што го доживеа по едно страотно кроше со левата рака на Кличко, но дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе треба и да мирува извесно време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top